Дома Фудбал ВИДЕО Неверојатниот Кејн ја сруши Италија и ја однесе Англија на ЕП

ВИДЕО Неверојатниот Кејн ја сруши Италија и ја однесе Англија на ЕП

Англија на „Вембли“ ја победи Италија со 3:1 и со тоа стана деветта репрезентација што се пласира на ЕП во Германија во 2024.

Европскиот првак сега мора да ја победи Македонија и да не загуби од Украина. Хари Кејн постигна два гола, Маркус Рашфорд додаде уште еден, додека Џанлука Скамака погоди за Италијанците.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Италијанците поведоа, но следеше брз пресврт на силната Англија, а третиот гол на Кејн е навистина вистинска мала мајсторија на напаѓачот на Баерн.

Англија е првопласирана на табелата со 16 бодови од шест натпревари, а Украина е втора со 13 од седум мечеви.

Италија е третопласирана со 10 бодови од шест натпр евари, следуваат Македонија која има седум бодови од шест натпревари, а Малта е последна без бодови од седум натпревари.

Следниот месец на 17 ноември Англија ќе игра со Малта, а Италија ќе ја пречека Македонија во Рим. Три дена подоцна Македонија ќе се соочи со Англија во Скопје, а Украина во Леверкузен ќе игра против Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок во Саудиска Арабија поради Роналдо, обвинувања има од сите страни!

Неколку играчи на Ал Ахли изразија негодување преку социјалните мрежи против одлуките на с…