Италијанскиот напаѓач, Марио Балотели во јануарскиот трансфер период ја напушти Ница и кариерата ја продолжи во дресот на Марсеј.
Балотели играше одлично во дресот на Ница во претходните две сезони, но на почетокот на оваа сезона поради конфликтот со Патрик Виера не се наигра. Италијанскиот напаѓач едвај чекаше да дојде јануари и да го напушти клубот, но остана во Франција, бидејќи потпиша за Марсеј.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Овој 28-годишен напаѓач добро ја започна својата авантура во Марсеј, бидејќи постигна гол на своето деби и покажа дека ќе биде големо засилување за клубот. Исто така, Балотели многу добро се вклопи во новиот тим и соиграчите го пречекаа со отворени раце.
На интернет се појави и видео од неговата иницијација, бидејќи мораше да пее песна пред своите нови соиграчи. Интересно дека на крајот ја одбра химната на Франција, па легендарната химна на Франција „ечеше“ во просториите на Марсеј.
Pour son bizutage, Mario Balotelli a décidé de chanter La Marseillaise ??? pic.twitter.com/G7PA9hrbEx
— BeFoot (@_BeFoot) February 16, 2019