Дома Фудбал Италија ВИДЕО: Милан има иднина – Погледнете што прави чудото од дете на „росонерите“

ВИДЕО: Милан има иднина – Погледнете што прави чудото од дете на „росонерите“

Фудбалскиот свет има нов голем суперталент, кој е во сопственост на италијанскиот гигант Милан.

Одличниот деветгодишен Николож Шаликиани од Грузија е името кое треба добро да го запомниме. Клубот од „Сан Сиро“ ова лето беше еден од најактивните во трансфер периодот, во текот на летото пристигнаа дури 11 засилувања. Но, Росонерите размислуваат и за иднината.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


А доколку по потезите и техниката на малиот играч се познава неговата иднина, тој ќе биде прекрасен играч. Тој на еден тренинг жонглираше цела минута и половина, а останатите деца останаа гледајќи го во чудо.

„Па тој е подобар од мене. Тој е гениј“, велеа останатите деца, додека малиот волшебник правеше со топката тоа што го сакаше.

 

Тој веќе со години е дел од кампот на Милан за млади селекции и сигурно во италијанскиот клуб покажуаат голема надеж во него, иако го чекаат години и години напредок. Исто така, тој за некои години би требало да стане вториот Грузијанец во редовите на Милан, за кој од 2001. до 2010. година настапуваше Кака Каладзе, истакнат политичар во споменатата земја.

 




Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

УЕФА задоволна: Новото правило ќе се користи и во клупскиот фудбак

Европската куќа на фудбалот пред почетокот на првенството во Германија воведе ново правило…