Дома Фудбал Италија ВИДЕО: Милано обоен во сино, киксот на Донарума го казни Икарди во 92-та минута!

ВИДЕО: Милано обоен во сино, киксот на Донарума го казни Икарди во 92-та минута!

Вечерва беше одиграно дербито на колото во италијанската Серија А за кое кога се головите во прашање не можеме да кажеме дека ги оправда очекувањата.

Интер и Милан вечерва одиграа натпревар кој беше одлучен во последните секунди. „Нероаѕурите“ кои пред оваа средба имаа серија од шест победи во низа подобро отворија и создаваа шанси пред голот на Донарума.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Нероаѕурите“ во првото полувреме и успеаа да ја затресат мрежата преку Мауро Икарди, но неговиот гол беше поништен поради офсајд позиција, условно кажано домаќинот на овој натпревар погоди и една статива.

Милан иако беше во подредена улога знаеше да се закани и тие ја погодија мрежата на противникот, сепак и тие поентираа од недозволена позиција, па Марко Гвида и овој пат реагираше.

Во вториот дел гледавме нешто посмирена игра, а моментот на одлука се случи во последните минути.

Матија Весино испрати центаршут, после кој Џанлуиџи Донарума направи катастрофална грешка и дозволи Икарди да ја постигне погодок кој значеше и три бода „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалер на Реал Мадрид откри детали: Играчите на Барселона се шегуваат со мене, но ќе разговараме на Ел Класико!

Ова лето во Реал Мадрид пристигнаа неколку нови играчи, а еден од нив е младиот Дин Хујсен…