Дома Фудбал ВИДЕО Меси полуде по противникот. Го следеше до соблекувалната и цело време дофрлуваше кон него

ВИДЕО Меси полуде по противникот. Го следеше до соблекувалната и цело време дофрлуваше кон него

ЛИОНЕЛ МЕСИ брилјираше во победата на Интер Мајами од 3:1 над Орландо Сити во Лига купот, натпреварување во кое за трофејот се борат екипи од МЛС и од мексиканското првенство.

Со два гола, Аргентинецот стигна до петтиот гол во третиот натпревар за новиот клуб, а неговиот тим се пласираше во осминафиналето на натпреварувањето.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сепак, и покрај одличното издание, Меси беше доста нервозен, а се кулминираше кон крајот на првото полувреме.

На еден дуел Аргентинецот го оттурна 22-годишниот уругвајски дефанзивец Цезар Араухо, а набрзо се најде во нов дуел против истиот играч.

Нешто навистина му пречеше на Меси, па кога го напушти теренот на полувремето влезе во расправија со Араухо.

Го следеше до крајот на теренот, а потоа го чекаше на влезот во соблекувалната, каде се создаде голема гужва. Во исто време Меси цело време дофрлуваше нешто кон Уругваецот, но немаше поголем конфликт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА подготви нова револуција – саудијците едвај ја чекаа!

Врвната организација на светскиот фудбал (FIFA) подготви нова револуција, а тоа е проширув…