Дома Фудбал Репрезентации ВИДЕО: Меси го немаше кај Аргентина, но се „појави“ кај Ирак и му ја „скрши кичмата“ на Дибала

ВИДЕО: Меси го немаше кај Аргентина, но се „појави“ кај Ирак и му ја „скрши кичмата“ на Дибала

irak

Фудбалерот на ирански Персеполис имаше вистинско мало шоу против „Гаучосите“.

Аргентинците славеа победа од 4:0 во пријателскиот натпревар против Ирак одигран во Саудиска Арабија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кај Аргентинците на овој натпревар го немаше Лионел Меси, но тој се „појави“ во противничкиот табор во ликот на Башар Ресан кој е познат во својата земја, но за остатокот од светот е прилично непознат.

Сепак, после дриблинзите кои ги изведе против аргентинските ѕвезди многумина ќе го запаметат неговото име. Посебно ѕвездата на Јувентус Паоло Дибала, на кого му ја „скрши кичмата“, а потоа му турна топката низ нозете, додека неколку моменти подоцна „настрада“ и Фабрисио Бустос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…