Македонецот кој го носи дресот на Јувентус, Никола Секулов беше стрелец на еден од погодоците во дербито на Торино до 16 години.
Секулов важи за еден од најголемите македонски фудбалски надежи и се развива во школата на Јувентус каде што настапува за У16 тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонецот во една соло акција и од скоро половина терен успеа да помине низ целата одбрана на Торино и да постигне погодок во стилот на Лионел Меси. Натпреварот на крајот завши без победник со резултат 1:1.
Иначе маестрален гол со лоб удар во вчерашните натпревари од Серија постигна Горан Пандев за Џенова во натпреварот против Верона. Овој погодок можете да го погледнете ТУКА.