Интер игра одлично оваа сезона и е без пораз во Серија А со 39 бодови после 15 кола.
Веќе оваа сабота „нероаѕурите“ ги чека нов предизвик, гостување во Торино кај актуелниот шампион Јувентус.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Пред ова дерби фудбалерите на Интер пронајдоа и време за божиќна песна со која ги повикаа навивачите на натпреварот против Удинезе кој се игра на 16 декември на „Џузепе Меаца“.
„Божиќ се слави како семејство, а нашете се собира на 16 декември на „Меаца“. Вашиот глас е потребното нешто за оваа песна. Придружете ни се и запејте ИнтерБелс’, објавија од Интер.