Дома Фудбал Англија Видео: Лестер по продолженија до осминафинале!

Видео: Лестер по продолженија до осминафинале!

Лестер, во повторениот натпревар од третата рунда во ФА купот, успеа после продолженија да го совлада Дерби Каунти со 3.1 и да се пласира во осминафиналето.

Првиот меч заврши 2:2, а во регуларниот дел од повторениот меч резултатот беше 1:1. Кинг и Камара беа стрелци на головите. Во дополнителните 30 минути победата на Лестер му ја донесоа Ндиди и Греј.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Противник на Лестер во осминафиналето, на 18 февруари, ќе биде Милвол. Истиот ден ќе играат: Барнли-Линколн, Мидлзброу-Оксфорд, Хадерсфилд-Манчестер Сити и Вулверхемптон-Челзи.

На 19 февруари се закажани натпреварите Фулам-Тотенхем и Блекбурн-Манчестер Јунајтед, а на 20 февруари ќе играат Сатон Јунајтед и Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато кога Ѓоковиќ ќе го игра четвртфиналето на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжи да постигнува добри резултати на Вимблдон, па во п…