Дома Останати Кошарка Видео: Леброн незадржлив, нова победа и за Лејкерси!

Видео: Леброн незадржлив, нова победа и за Лејкерси!

Кливленд, Атланта, Чикаго, Шарлот и АЛ Лејкерс забележаа победи изминатата ноќ во натпревари кои се одиграа во НБА лигата.

Актуелниот шампион, Кливленд, во дербито на Истокот славеше над Торонто 121:117. Кливленд ја запиша деветтата победа во десеттиот меч, додека Торонто има скор 7/2.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Леброн Џејмс со 28 поени, 14 асистенции и девет скока го предводеше шампионот. Над 20 поени постигнаа Кајри Ирвинг (24) и Ченинг Фрај (21), додека дабл-дабл остарија Кевин Лав (19 поени, 13 скокови) и Тристан Томпсон (15 поени, 11 скокови).

Лос Анџелес Лејкерс доби уште еден меч, овој пат совладан беше Бруклин со 125-118, за седми трумф во 12 меч оваа сезона.

Расел со 32 коша беше најефикасен во тимот на Лејкерс, Лопез постигна 30 кај Бруклин, Богдановиќ еден помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Бизарен ритуал на следниот ривал на Србија: Кошаркарите си удираат шлаканици едни на други (Видео)

Кошаркарската репрезентација на Србија во осминафиналето на Европското првенство ќе ги одм…