Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Видео: Колумбија си направи „харикири“ – Самураите слават

Видео: Колумбија си направи „харикири“ – Самураите слават

Репрезентацијата на Колумбија иако беше голем фаворит сепак со пораз од Јапонија го отвори Светското првенство во Русија.

Лошо започна мечот за Колумбија која уште во 3-та минута остана со играч помалку откако Карлос Санчез играше со рака пред својот гол. Судијата покажа на белата точка, а Кагава беше сигурен реализатор.


Меѓутоа, во 38-та минута од слободен удар кој го избори Фалкао, Квинтеро мајсторски биеше по земја и го совлада јапонскиот голман Кавашима.

Во второто полувреме Јапонија очекувано беше подобар противник и создаде многу шанси со играч повеќе. Голот за „Самураите“ стигна во 73-та минута, кога Осако погоди со глава после центаршутот на Хонда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Мартинез заплака по победата и потврди изненадувачки трансфер?

Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, рече „ќе видиме“, кога беше прашан за иднината на Емил…