Ливерпул синоќа пред своите навивачи со убедливи 5:0 го совлада Хадерсфилд во натпреварот од 36. коло на Премиер лигата и сега се вратија на првото место.
„Црвените“ на прво место ќе го дочекаат утрешниот натрпевар на Манчестер Сити кој има два бода помалку и ќе има прилика да се врати на лидерската позиција во Премиер лигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оваа победа беше многу важна за екипата на Јирген Клоп, а тоа најдобро го покажа прославувањето на крајот. Ниту германскиот стратег не можеше да се содржи од славење, иако даде се од себе.
Тој на навивачите им покажа дека го снима камера и дека не сака да се „посрамоти“, но потоа „полуди“ и ги воодушеви навивачите со прославата во свој стил. Поради вакви емоции многу фудбалски фанови го почитуваат Клоп.
Name a more passionate manager then Jurgen Klopp. I’ll wait… pic.twitter.com/2hjNmwXZfS
— Azza (@CFCAzza) April 26, 2019