Синоќа беа прекинати победничките серии на Кливленд и ЛА Клиперс, а ноќта ја одбележа Расел Вестбрук со спектакуларно забивање на пет секунди до крајот на мечот против Хјустон обезбеди нова победа за Оклахома.
Кливленд со и без Леброн Џејмс е поинаков тим. Шампионот без својот најдобар играч загуби од Индијана 103:93. Во Индијанаполис само Кевин Лав (27 поени, 16 скокови) и Кајри Ирвинг (24 поени) беа на очекуваното ниво, додека потфрлија останатите во тимот на Кливленд. Остатокот од стартната петорка на шампионот збирно постигна девет поени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Расел Вестбрук со забивање преку Клин Капела и ја обезбеди победата на Оклахома над Хјустон 105:103. Вестбрук мечот го заврши со 30 поени, седум скока и девет асистенции. Кај Хјустон лошо шутерско издание имаше Џејмс Харден кој постигна 13 поени, на кои надополни 13 асистенции.
Резултати:
Индијана – Кливленд 103:93
Орландо – Њу Орлеанс 89:82
Филаделфија – Вашингтон 109:102
Атланта – Милвоки 107:100
Бостон – Далас 90:83
Њујорк – Детроит 105:102
Оклахома – Хјустон 105:103
Торонто – Голден стејт 121:127
Денвер – Феникс 120:104
ЛА Клиперс – Мемфис 107:111
Сакраменто – Сан Антонио 105:110