Кошаркарите на Голден Стејт славеа убедлива победа над Хјустон со резултат 126:85 во третиот натпревар од финалната серија на Западната конференција во НБА лигата.
На теренот во „Оракл арената“ измината ноќ гледавме само еден тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот шампион во НБА, Голден Стејт во финалето на Западот демонстрираа сила над Хјустон и поведоа со 2:1 во серијата против тимот од Тексас.
Хјустон имаше предност само на стартот, но потоа брзо следуваше серија со која Вориорсите ги превземаа работите во свои раце. Сепак, целосниот колапс на гостите го видовме во третата четвртина кога се разигра Стеф Кари.
Кари во третата четвртина успеа да постигна 18 поени, а на крајот натпреварот го заврши како најефикасен со вкупно 35 поени, додаде и шест скокови, го следеше Дурант со 25 поени.
Re-live Stephen Curry's BIG 3rd quarter (18 PTS, 7-7 FGM)! #DubNation #NBAPlayoffs pic.twitter.com/isEAxBbpzx
— NBA (@NBA) May 21, 2018
Хјустон овој натпревар го заврши со дури 19 изгубени топки. Најмногу поени за тимот од Тексас уфрли Џејмс Харден 20, покрај тоа даде уште девет асистенции и пет скокови. Клинт Капел и Крис Пол постигнаа по 13 поени.
Со оваа победа Вориорси поставија рекорд во НБА лигата од 16 победи во низа на домашен терен во плеј-офот, надминувајќи го Чикаго Булс кој стигна до 15 од април 1990 до мај 1991 година.
Следниот натпревар помеѓу Голден Стејт и Хјустон се игра ноќта помеѓу вторник и среда во 03:00 часот по наше време.