Дербито на вечерта во квалфикациските натпревари го одиграа репрезентациите на Шпанија и Италија, а победа запишаа домаќините со убедливи 3:0.
Шпанците беа подобриот противник на теренот и заслужено стигнаа до оваа важна победа во борбата за првата позиција во групата во која се наоѓа и нашата селекција. Резултатот беше отворен во 14 минута кога фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, мајсторски изведе слободен удар и го матираше Џиџи Буфон. Новиот погодок стигна во 40 минута и повторно беше дело на Иско кој овој пат со удар од работ на шеснаесетникот го совлада Буфон и по втор за едно полувреме.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вториот дел не донесе многу промени, „црвената фурија“ продолжуваше да биде подобар противник на теренот. Конечните 3:0 ги постави, Алваро Мората во 77 минута од средбата.
За Италија ова беше прв пораз во еден квалификациски натпревар после 57 натпревари без пораз.