Дома Фудбал Италија Видео: Икарди не реализраше пенал, Интер со нов пораз, Голеада за едно полувреме во Неапол

Видео: Икарди не реализраше пенал, Интер со нов пораз, Голеада за едно полувреме во Неапол

Денес со почеток во 15:00 часот во италијанската Серија А се одиграа пет натпревари.

Интер по поразот од Удинезе им приреди ново непријатно изненадување на своите навивачи, овој пат „нероаѕурите“ беа поразени од Сасуоло со 1:0.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сасуоло до предност стигна во 34 минута кога Политано нафрли, а неговиот центаршут го искористи, Фалсинели. Интер создаваше шанси, но реализација немаше. На стартот од вториот дел гостите од Милано ја пропуштија и најголемата шанса да стигнат до погодок, Мауро Икарди не реализираше пенал.  На крајот погодокот од првото полувреме на домаќините се покажа како одлучувачки.

Наполи и славеше со 3:2 против Сампдорија во натпревар во кој видовме две различни полувремиња. Гастон Рамирез со фантастичен погодок ја доведе Сампдорија во водство, Алан во 16 минута израмни на 1:1. Десетина минути подоцна, Фабио Кваљарела погоди за ново водство на Сампдорија, а до крајот на првиот дел Инсиње и Хамшик погодуваа за пресврт и победа на домаќинот.





Во останатите натпревари, Беневенто загуби со гол во последната минута од Џенова со 1:0, СПАЛ и Торино одиграа 2:2, додека Удинезе ја декласираше Верона со 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Енцо Фернандез во емисија го откри името на неговиот нов клуб!? (Видео)

Се повеќе се шпекулира дека Ензо Фернандез летово ќе го напушти Челзи и ќе се пресели во д…