Во последниот денешен натпревар од италијанската Серија А, екипата на Интер забележа сигурна победа против тимот од Каљари од 1:3.
Каљари покажа дека може да биде незгоден противник, но сепак „нероаѕурите“ знаеа да ги искористат своите шанси. Натпреварот го отвори капитенот на гостите, Мауро Икарди кој одлично реагираше по центаршутот на Иван Перишиќ во 29 минута од средбата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клучниот момент на средбата Спалети можеби го направи кога во игра го уфрли Марсело Брозовиќ во 53 минута од средбата. Само две минути откако влезе во игра Хрватот ја затресе мрежата на Каљари.
Домаќините успеаа да го намалат резултат на дваесетина минути пред крајот, Фараго испрати одлична топка во шеснаесетникот, а Паволети одлично реагираше и ја спроведе топката во мрежата на „нероаѕурите“. Точка на натпреварот стави Икарди со својот втор гол на натпреварот во 84 минута од средбата.
По оваа победа Интер се искачи на врвот на Серија А и ќе остане таму барем до утрешниот натпревар на Наполи кој игра на гостински терен против Удинезе.