Фудбалските фанови во Фиренца долго време ќе го прераскажуваат синоќешниот натпревар, последен во седмото коло во италијанската Серија А, во кој фудбалерите на Фиорентина го совладаа тимот на Милан.
Натпреварот на стадионот „Артемио Франки“ заврши со резултат 2:1 (1:0).
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Натпреварот го одбележаа дури три одбранети пенали, два во првиот дел и еден на почетокот на вториот дел. Првиот го одбрани голманот на гостите, другите два домашниот голман и поранешен ас на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа.