Дома Фудбал Италија Видео: „Дерби Дела Мадонина“ за „росонерите“, Кутроне го одведе Милан во полуфиналето!

Видео: „Дерби Дела Мадонина“ за „росонерите“, Кутроне го одведе Милан во полуфиналето!

Четвртфиналето во италијанскиот куп ни го донесе и големото италијанско и градско дерби помеѓу Милан и Интер.

Натпреварот започна навистина изедначено со по некоја шанса и на двете страни. Првото големо возбудување го видовме пред голот на „росонерите“, Иван Перишиќ ја погоди мрежата на „росонерите“ после катастрофалната реакција на Антонио Донарума, но за негова среќа голот беше поништен поради офсајд.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Како што одминуваше времето Милан ја превземаше иницијативата и се повеќе се играше пред голот на Хандановиќ. Во вториот дел пропуштија навистина изгледни шанси за погодок, Сусо ја погоди пречката, но Хандановиќ имаше неколку интервенции.

На другата страна Интер се закани преку Жоа Марио, кој од само неколку метри шутираше во голманот на „росонерите“. На крајот резултатот после регуларните 90 минути беше резултатот беше оној почетниот 0:0.

Во продолженијата „нероаѕурите“ како целосно да ги изубија силите, па на теренот имаше само еден тим. Одлучувачкиот момент се случи во финишот од првото продолжение. Сусо одлично уфрли во шеснаесетникот, а младиот Патрик Кутроне ја смести топката зад грбот на Хандановиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…