Дома Останати Кошарка Видео: Дали Стеф Кари е најдобриот „тројкаш“ на сите времиња?

Видео: Дали Стеф Кари е најдобриот „тројкаш“ на сите времиња?

Прашање за дискусија, но на оние кои им е фаворит Стеф Кари сега имаат навистина силен адут…

Стеф Кари е кошаркарот на кој му беа потребни најмалку натпревари во кариерата да стигне до бројката од 2.000 погодени тројки во историјата на НБА лигата.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Бекот на Вориорсите до овој подвиг стигна после 227 одиграни натпревари. Кари со тоа стана осмиот кошаркар во најсилната лига со погодени 2.000 шутеви од линијата надвор од 7.24.

Во тоа друштво се Реј Ален (2.973), Реџи Милер (2.560), Џејсон Тери (2.243), Пол Пирс (2.143), Кајл Корвер (2.109), Џамал Крофорд (2.080) и Винс Картер (2.057), но како што кажавме на Кари му беа потребни најмалку натпревари.

Освен тоа Кари има најдобар процент на успешност од сите од оваа група 43.5%.

 

@stephencurry30 becomes the fastest to 2,000 career triples by 227 games!

A post shared by NBA (@nba) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер пушти ѕвезда од 100 милиони, па го врати кошаркар со кој Јокиќ освои шампионски прстен

Денвер Нагетс го трејдуваа Мајкл Портер Јуниор и пик на првиот круг (2032) за Кем Џонсон. …