Дома Останати Кошарка Видео: Гризлите се разбудија, но Леброн издоминира за победа на Кливленд, Денвер може и без Јокиќ

Видео: Гризлите се разбудија, но Леброн издоминира за победа на Кливленд, Денвер може и без Јокиќ

lebron

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни пет средби.

Екипата на Мемфис ја продолжи серијата порази во НБА лигата откако во натпреварот против Кливленд беше поразена 11 пат во низа.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Откако Кливленд ја доби втората четвртина со убедлив резултат 38:20, изгледаше дека нема да имаат премногу проблеми, но Мемфис се разбуди во продолжението и на две минути пред крајот резултат беше израмент 109:109.

Сепак, Кливленд во своите редови го имаше расположението Леброн Џејмс кој со 13 поени во низа во финишот ја обезбеди 11 победа во низа за својот тим (116:111).

Леброн стигна до дабл-дабл од 34 поени и 12 асистенции, Кевин Лав запиша 12 поени и 11 скокови, Џер Ар Смит додаде 17 и Двејн Вејд од клупата за резерви постигна 16 поени.

На Мемфис не му беа доволни ниту Тајрик Еванс кој постигна дури 31 поен и забележа 12 асистенции, ниту Марк Гасол кој запиша 27 поени.

Денвер и без повредниот Јокиќ успеа да стигна до победата на Лос Анџелес Лејкерс која за нив беше 13 во сезоната.

Лејкерси во последните минути констатно беа во предност против Наџентси кои не можеа да сметаат на својот најдобар играч, Никола Јокиќ. Резултатот на крајот гласеше 115:100, шестмина кошаркари на Денвер забележаа двоцифрен учинок кога се поените во прашање.

Џејмал Мареј стигна до 28 поени, Треј Лајлс додаде 18, Вил Бартон 16, Гари Харис и Кенет Фарид постигнаа по 13, а Мејсон Плами 12.

За Лејкерси Брендон Инграм додаде 20 поени, а по 15 постингаа Џулијаш Рендл и Брук Лопез.

НБА резулати:

Кливленд – Мемфис 116:111

Филаделфија – Детроит 108:103

Милвоки – Сакраменто 109:104

Денвер – Лос Анџелес Лејкерси 115:100

Портланд – Њу Орлеанс 116:123

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дурент го брани Јокиќ: Не дозволувам да зборувате така за него

Никола Јокиќ и оваа година е еден од фаворитите за МВП титулата, но за новинарите Србинот …