Манчестер Сити ја продоли серијата на победи откако славеше на гостувањето кај Кристал Палас со 3:1.
Манчестер Сити одлично го отвори натпреварот и дојде до водство уште во 15-та минута со голот на Рахим Стерлинг, резултат со кој се замина на одмор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во второто полувреме домаќините спорадично се закануваја, но Стерлинг во 63-та минута зголеми на 2:0.
Лука Миливојевиќ ја врати надежта на лондонскиот тим во 81-та минута со прекрасен гол од слободен удар. Меѓутоа, неколку минути подоцна Габриел Жесус ги постави конечните 3:1.
Сити во моментов има 83 бодови на првата позиција на табелата, па сега притисокот е врз Ливерпул пред големото дерби.