Денес се игра 21-то коло од Серија А, а во попладневните натпревари најубедлив беше Лацио кој предводен од маестралниот Милинковиќ – Савиќ го совлада Киево со 5:1.
Лацио одигра уште еден фантастичен натпревар пред своите гледачи. Резултатот го отвори Луис Алберто во 23-та минута, но само две минути подоцна Пучарели го израмни резултатот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потоа следуваше шоу на Милинковиќ – Савиќ кој постигна два гола во 32-та и 68-та минута. Голеадата ја комплетираа Бритос и Нани за конечни 5:1.
Останати резултати:
Болоња – Беневенто 3:0
Сампдорија – Фиоентина 3:1
Удинезе – СПАЛ 1:1
Сасуоло – Торино 1:1
Верона – Кротоне 0:3