Дома Фудбал Италија ВИДЕО: Вчера во Серија А го видовме најглупавото исклучување во сезоната

ВИДЕО: Вчера во Серија А го видовме најглупавото исклучување во сезоната

Eкипата на СПАЛ вчера успеа да направи големо изненадување и на гостински терен да ја совлада Рома со 0:2.

На оваа средба видовме и едно навистина смешно исклучување, а го заработи голманот на гостите Вања Милинковиќ. Во моментите кога СПАЛ имаше водство против Рома, Милинковиќ се обидуваше да „украде“ некоја секунда иако триесетина секунди порано заработи една опомена.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Српскиот голман одолговлекуваше со враќањето на топката во игра, а втората топка која се појави на теренот ја испрати на трибините. На ваквиот негов потег реагираше и „Олимпико“, а главниот судија на натпреварот му покажа втор жолт картон и го испрати во соблекувалната.

Навистина чуден потег од еден искусен голман каков што е Вања Милинковиќ.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Македонија го дозна противникот во мундијалскиот бараж!

Македонската фудбалска репрезентација денес го дозна својот противник во баражот за Светск…