Неверојатната трипл дабл серија на Расел Вестбрук заврши изминатата ноќ, на натпреварот со Бостон. Оклахома славеше над Бостон 99:96, а Вестбрук имаше учинок од 38 поени, 12 скокови и шест асистенции.
Расел Вестбук застана на бројката од седум трипл дабл учиноци во низа, со што го израмни рекордот на Мајкл Џордан од 1989 година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Оклахома го победи Бостон 99:96, а покрај Вестбрук забележителни улоги во победничкиот тим имаа Стивен Адамс (16 поени, осум скока) и Енес Кантер (14 поени, шест скокови). Бостон го предводеше Ал Хорфорд со 19 поени.
Резултати:
Детроит – Филаделфија 79:97
Минесота – Голден стејт 108:116
Оклахома – Бостон 99:96
Феникс – Њу Орлеанс 119:120
ЛА Лејкерс – Њујорк 112:118