Дома Останати Кошарка ВИДЕО Бостон Селтикс и Лос Анџелес Лејкерс со победи ја отворија новата сезона во НБА

ВИДЕО Бостон Селтикс и Лос Анџелес Лејкерс со победи ја отворија новата сезона во НБА

Со два натпревара одиграни синоќа почна сезоната 2024/25 во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.

Шампионот Бостон Селтикс победи на отворањето против Њујорк Никс со 132:109. Њујорк донесе две нови ѕвезди минатото лето, но Бостон сепак беше премногу силен во овoj натпревар.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Џејсон Тејтум ги предводеше шампионите со 37 поени и 10 асистенции. Дерик Вајт постигна 24 поени, а МВП-то од минатата сезона Џејлен Браун постигна 23 поени.

Лос Анџелес Лејкерс ја победи Минесота со 110:103.

Лејкерси ги предводеше Ентони Дејвис со 36 поени, 16 скока и три блокади, а одличен беше Ентони Едвардс од Минесота со 27 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Никола Јокиќ ќе учествува на Евробаскетот

Само неколку дена пред собирот на кошаркарската репрезентација на Србија за подготовките з…