Богдан Богдановиќ привлекува се повеќе внимание во НБА како од навивачите така и од медиумите во Америка.
Србинот од натпревар во натпревар прикажува одлични настапи, доколку не поентира тогаш асистира, но тројките се негов заштитен знак. Така беше и против Чикаго кога го одлучи натпреварот со тројка на 52 секунди пред крајот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот Богдан беше во центарот на вниманието на новинарите, а во текот на разговорот тој им откри како во една ситуација бил давен од тренерот Душко Вујошевиќ.
Богдановиќ го запрашаа дали во кариерата некогаш бил исклучен, а еве што тој им одговори.
„Ја? Мислам дека никогаш…Всушност еднаш кога дојде до тепачка помеѓу двата тима, но лично никогаш. Тренерот еднаш ме исфрли“, се поправи Богдан.
„Тоа можете да го најдете на Јутуб, напиштете само „тренерот го давеше Богдановиќ“, па можете да видите, напиша Богдановиќ.