Дома Останати Кошарка Видео: Богдановиќ и Индија го срушија шампионот, Јокиќ до дабл-дабл Денвер поразен

Видео: Богдановиќ и Индија го срушија шампионот, Јокиќ до дабл-дабл Денвер поразен

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни осум натпревари.

Никола Јокиќ и Денвер веќе го запишаа вториот пораз во низа. Денвер беше поразен на гостувањето во Тороното 114:110.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На Денвер не му помогна ниту одличниот настап на Јокиќ кој уште на полувремето стигна до дабл-дабл учинок, а на крајот му недостасуваа само две асистенции за трипл-дабл. Јокиќ одигра 40 минути, постигна 29 поени, запиша 16 скокови и подели осум асистенции. Го следеше Милисап со 20 поени, додека Џамал Мареј уфрли 15 поени.

Во редовите на Торонто по 15 поени постигнаа Јонас Валанчиунас и Демар Дерожан. Литванецот додаде и седум скокови, додека Дерожан запиша и осум асистенции.

Индијана како гостин го победи Голден Стејт и така на Вориорси им го нанесе вториот пораз во низа на домашен терен. (81:92)

Голден Стејт подобро го отвори натпреварот и до почетокот на третата четвртина имаа предност, но Индијана тогаш успеа да го анулира заостанувањето. Виктор Оладипо беше најефикасниот во Индијана со 26 поени, шест скокови и асистенции. Тедус Јанг забележа дабл-дабл со 17 поени и 10 скокови, а одличен беше и Богдан Богдановиќ кој натпреварот го заврши со 17 поени, два скока, две асистенции и исто толку блокади.

Во редовите на Вориорси најефикасен беше Ник Јанг со само 12 поени, додека Квин Кук и Андре Игудала додадоа по 11. Треба да се истакне дека шампионот играше практично со втор тим бидејќи на паркетот ги немаше Дурант, Грин, Томсон и Стеф Кари.

Мајами го совлада Кливленд со резулат 98:79. Кеј Олинк беше најефикасен со 19 поени, по 15 уфрлија Џош Ричардсон и Џејмс Џонсон кој запиша и девет скокови. Во Кливленд никој не беше на своето ниво, Леброн Џејмс стигна до 18 поени со шест скокови и седум асистенции, а и тоа како се почуствува отсутвото на Кевин Лав.

Хјустон убедливо го совлада Чикаго со 118:86. Ерик Гордон ја превземе улогата на лидер и стигна до бројка од 21 поен, десет помалку постигна Тревор Ариза, додека Крис Пол запиша дабл-дабл од 13 поени 10 асистенции. Во Чикаго најефикасен беше Марканен со 22 поени.

За овој натпревар на Хјустон не настапи нивниот најдобар играч Џејмс Харден.

НБА резултати:

Вашингтон – Сан Антонио 116:106

Торонто – Денвер 114:110

Хјустон – Чикаго 118:86

Мајами – Кливленд 98:79

Њу Орлеанс – Портланд 103:107

Сакраменто – Далас 97:103

Голден Стејт – Индијана 81:92

Лос Анџелес Клиперс – Милвоки 105:98

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Силно невреме го урна кровот на култната арена „Дражен Петровиќ“ (Видео)

Силното невреме кое ја зафати Хрватска предизвика многу проблеми во секојдневниот живот на…