Дома Топ вести Видео: Барселона го менува својот грб!

Видео: Барселона го менува својот грб!

Фудбалскиот клуб Барселона е на чекор од донесување историска одлука. Донесен е предлог е промена на клупскиот грб, а крајното решение зависи од гласањето на членовите на клубот.

Гласањето ќе се одржи на 20-ти октомври, а каталонските медиуми пренесуваат дека голема е веројатноста грбот да биде променет.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Предлогот е да се направи стилизирана и модернизирана варијанта на логото, а најголемата разлика ќе биде во тоа што нема да има три букви – FCB што значат Futbol Club Barselona.

Причината е што Каталонците не се единствениот клуб со исти иницијали, бидејќи истите ги имаат Баерн Минхен и Базел.

Трите букви фигурираат на сите досегашни грбови на клубот од 1910 до денес, а новото лого е една од клучните точки во стратешкиот план на клубот за промоција на глобално ниво.

Доколку промената биде одобрена, таа ќе стапи на сила од сезоната 2019/20.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …