Ѕвездената репрезентација на Аргентина не успеа да ја победи Венецуела на домашен терен и сега во прашање ја доведе квалификацијата на Светското првенство во Русија.
Ниту новиот селектор Хорхе Сампаоли, кој ја смени формацијата во 3-4-3, со напаѓачкото трио Дибала-Икарди-Меси, не успева да ја „оживее“ Аргентина. „Гаучосите“, изминатата ноќ, на домашен терен одиграа само 1:1 со најслабата репрезентација во групата, Венецуела.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
На стадионот на Ривер Плата, Венецуела го шокираше домаќинот со голот на Муриљо во 50 минута. Бод за Аргентина спаси дефанзивецот на Венецуела, Фелшер, кој по ударот на Икарди ја погоди сопствената мрежа.