Дома Фудбал Англија Видео: Анчелоти тргна со победа, Артета со бод, Челзи повторно шокиран дома

Видео: Анчелоти тргна со победа, Артета со бод, Челзи повторно шокиран дома

Возбудливи дуели видовме во Премиер лигата на популарниот „Бокинг Деј“. Анчелоти и Артета дебитираа за Евертон односно Арсенал, а Челзи повторно загуби на домашен терен.

Тимот на Лампард очигледно има проблем да победува на домашен терен, па попладнево беа шокирани од Саутемптон на „Стенфорд Бриџ“ со 2:0.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Сините“ добро го отворија натпреварот, први создадоа неколку шанси, но казната стигна во 31-та минута кога Обафеми го замолкна „Стенфорд Бриџ“.

Во второто полувреме Челзи тргна на се или ништо, но не успеа да го израмни мечот во воведните минути кога создаде неколку шанси. Гостите имаа простор за контранапади, а во 73-та Редмонд го матираше Кепа за конечни 0:2.

Артета не успеа со победа да ја започне авантурата на клупата на Арсенал. „Топџиите“ на гостувањето кај Борнумт се спасуваа од пораз. Домаќините поведоа во 35-та минута со голот на Гослинг, а Обамејанг во 64-та минута погоди за конечни 1:1.

Анчелоти со победа ја започна авантурата во Евертон, кој со 1:0 го победи Барнли. Кристал Палас и Астон Вила запишаа значајни победи над Вест Хем односно Норвич, додека Шефилд и Ватфорд одиграа без победник 1:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…