Дома Фудбал Видал го избра бројот во Барса, еве кој ќе ја носи „осумката“!

Видал го избра бројот во Барса, еве кој ќе ја носи „осумката“!

Најновото засилување на Барселона, Артуро Видал избра со кој број ќе настапува во каталонскиот клуб.

Чилеанецот немаше можност да го избере својот омилен „23“, бидејќи тој е во сопственост на Самуел Умтити, па поради тоа го избра бројот „22“, кој минатата сезона го носеше Алеиш Видал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Останатите нови засилувања исто така ги избраа своите броеви. Бразилецот Артур ќе го наследни Иниеста со бројот „8“, додека Малком на грброт ќе го носи бројот „7“.

Францускиот дефанзивец Клемен Ленгле пак ќе го носи дресот со број „15“, кој минатата сезона го носеше Паулињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Сити го критикуваат Халанд: Подобри сме без тебе

Навивачите на Манчестер Сити изразија жестока критика кон напаѓачот Ерлинг Халанд, откако …