Дома Фудбал Лига на шампиони Видал „боцка“: Со ВАР ќе имав две титули во Лига на шампиони!

Видал „боцка“: Со ВАР ќе имав две титули во Лига на шампиони!

Новото засилување на Барселона, Артуро Видал не пропушта можност да го „боцне“ големиот ривал Реал Мадрид уште пред трансферот на „Камп Ноу“.

Баерн Минхен со Видал во тимот на два пати беше елиминиран од „кралевите“ во Лигата на шампиони и тоа со сомнителни судиски одлуки.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Со ВАР ќе имав освоени две титули во Лигата на шампиони“, изјаво Видал во интервју за „Мундо Депортиво“.

Чилеанескиот репрезентативец се уште го нема освоено најпрестижниот пехар и ќе се обиде тоа да го направи со дресот на Барселона.

„Дојдов во Барса за да освојам се. Дојдов во ново првенство и сум силно мотивиран да ја освојам шампионската титула“, истакна Видал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фудбалер на Манчестер јунајтед заминал од „Олд Трафорд“ на полувремето со Лион

Во вистинска фудбалска драма, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во полуфиналето на Лига …