Дома Фудбал Репрезентации Вжештени глави на тренингот на светскиот шампион, поголем инцидент спречил Мирослав Клосе (Фото)

Вжештени глави на тренингот на светскиот шампион, поголем инцидент спречил Мирослав Клосе (Фото)

Тензично пред почетокот на Мундијалот во таборот на актуелниот шампион и бранител на трофејот во Русија.

Бројни медиуми ширум Европа денес извесуваат за инцидентот кој се случил на тренингот на репрезентацијата на Германија, во текот на припремите за Мундијалот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Германците во овој момент се во Италија во Епан каде што селекторот Лев работи со вкупно 27 играчи, а до 4 јуни ќе мора да се одлучи за 23.

Што се случило?

Германски „Билд“ објави фотографија на која се гледа како Џошуа Кимих од Баерн и Антонио Рудигер од Челзи се во жесток вербален дуел, внесени еден на друг во лице.

Истиот извор наведува дека поголем инцидент спречил помошник селекторот и поранешниот голгетер Мирослав Клосe кој успеал да ги раздвои.

Секако, тоа како и што обично се случува, причината била еден остар старт кој предизвикал нервоза кај едниот и другиот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Екитике е оптимист по лошите резултати: Можеме да ја промениме сезоната

Напаѓачот на Ливерпул, Уго Екитике верува дека неговиот клуб во наредните недели ќе успее …