На Жоао Феликс воопшто не му се допаѓа неговиот статус во тимот, медиумите пишуваат дека дури и побарал помош од психолог бидејќи не може да се носи со методите на тренерот Диего Симеоне.
Токму затоа веќе се најавува и дека може да замина. Досега најсериозен интерес покажаа три клуба. Во прашање се ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Баерн, а од Мадрид веќе пишуваат за следната дестинација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што стојат работите, најголеми шанси има Феликс кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ, а францускиот шампион веќе ја бара вистинската формула за негово доведување во јануари.
Ситуацијата секако ја искомплицира Светското првенство во Катар, бидејќи „Јорганџиите“ се надеваат дека младиот Португалец ќе блесне и со тоа ќе му се зголеми цената.
Токму поради оваа причина на ПСЖ му се брза што поскоро да се договори и да го доведе Феликс во своите редови, па останува да се види дали ќе успее. ПСЖ веќе има доволно квалитетни напаѓачи во својот тим, па одлуката за доведување на Феликс многумина ја протолкуваа како можно заминување на Нејмар или Килијан Мбапе.
22-годишниот Феликс моментално е само петти напаѓач на Атлетико Мадрид, а интересно е што се уште нема постигнато гол оваа сезона, а не е стартер повеќе од еден месец.
Ќе потсетиме Атлетико пред три години за него плати сума од 130 милиони евра, меѓутоа Феликс е далеку од очекувањата.