Аргентинскиот напаѓач, Гонзало Игуаин според се судејќи ова лето ќе го напушти Јувентус.
Јувентус го стресе фудбалскиот свет откако Кристијано Роналдо потпиша за овој клуб, но стана јасно дека еден од напаѓачите на „Старата дама“ ќе мора да побара нов клуб. Масимилијано Алегри сега на располагање има вишок напаѓач и јасно е дека барем еден од нив ќе си ја побара среќата во некој друг клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На големо се шпекулира за тоа дека тој некој ќе биде Игуаин кој веќе со поврзува со некои клубови. Интерес за Аргентинецот покажаа Челзи и Милан,но официјална понуда се уште не е пристигната. Како што се наведува, Јувентус одлучил Игуаин да биде кој ќе го напушти клубот, но ја чекаат вистинската понуда.
Како што пишуваат медиумите во Италија во Јувентус веќе ја одредија цената за Игуаин, и како што се наведува ќе го пуштат за 60 милиони евра. Пред неколку години Јувентус за Игуаин плати речиси 100 милиони евра, но се свесни дека не можат толку да заработат од неговата продажба и подготвени се да го продадат за 60 милиони.