Дома Останати Вејн Руни ќе се проба во боксот: Првата борба може да му биде на – „Олд Трафорд“!

Вејн Руни ќе се проба во боксот: Првата борба може да му биде на – „Олд Трафорд“!

Поранешниот англиски фудбалер Вејн Руни би можел да се проба како боксер и тоа против американскиот инфлуенсер Џејк Пол (26).

Пол во рингот за првпат влезе пред пет години, но веќе се бореше против познати имиња како Бен Аскрен, Тајрон Вудли и Андерсон Силва, а сега би можел да боксува со славниот фудбалер. Руни со постигнати 253 гола е најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед, а по завршувањето на фудбалската, започна тренерска кариера, сега би можел и боксерска.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, промоторот Ед Херн смета дека Руни би можел да има одлична кариера, нормално во егзибициски натпревари.

Исто така во англиските медиуми се наведува дека Руни е љубител на боксот, а Херн откри и дека поранешниот фудбалер и во минатото го контактирал да му организира борба.

Наводно борбата би можел да се одржи на „Олд Трафорд“ каде што Руни ги помина најдобрите денови од кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…