Легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, би можел да се врати во Англија.
Руни во 2004. година од Евертон пристигна на Олд Трафорд за 37 милиони евра и помина 13 години во Јунајтед за кој одигра 559 натпревари и постигна 253 погодоци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После тоа 33-годишниот напаѓач во 2017. година како слободен играч се врати во Евертон каде помина една година, а потоа замина во САД и потпиша за ДЦ Јунајтед.
Претходната сезона во МЛС лигата за овој клуб одигра 23 натпревари и постигна 13 погодоци, а сега според пишувањата на англиските медиуми би можел да се врати во агнлискиот фудбал и тоа како играч-тренер во Дерби.
Наводно, поранешниот играч на Јунајтед е веќе во преговори со клубот од Чемпионшип и би можел да го наследи Френк Лампард кој минатата сезона го однесе Дерби во доигрувањата за ПЛ.
Филип Коку дојде на местото на Лампард и потпиша договор на четири години, а сега сопственикот на клубот Мел Морис сака да донесе уште едно големо име и да му понуди улога играч-тренер.