Дома Фудбал Останато Вејн Руни одговори кој е подобар, Меси или Роналдо и ги изненади сите

Вејн Руни одговори кој е подобар, Меси или Роналдо и ги изненади сите

Англискиот напаѓач, Вејн Руни по една сезона одлучи да го напушти Евертон и кариерата да ја продолжи во САД.

Пред неколку недели овој искусен фудбалер потпиша договор со ДЦ Јунајтед и така ја исполни желбата еден ден да заигра во американската МЛС лига. Во интервју за американските медиуми, Руни зборуваше за својата кариера, а водителот го интересираше кој е за него подобар, Роналдо или Меси.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Она што многумина ги изненади е тоа дека Руни не запре ниту секунда да размисли за прашањето и како од топ одговори дека за него Меси е најдобар играч во светот. Иако неколку сезони играше со Роналдо во Манчестер Јунајтед на крајот одлучи на играчот на Барселона.

„Кој е подобар? Меси. Тоа се веројатно двајцата најдобри играчи кои некогаш играле фудбал, но едноставно во моите очи Меси е подобар“, изјави Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Позната шпанска актерка го освои срцето на Мбапе, но што ќе рече на тоа Винициус? (Фото)

Килијан Мбапе повторно е во центарот на вниманието, но овој пат не поради головите туку по…