Рома вечерва го дочекува Ливерпул во реванш полуфиналниот дуел од Лигата на шампиони, а за влез во финале на „волчицата“ ќе и треба резултат како против Барса.
Во тој случај Рим најверојатн ќе „гори“, а претседателот Палота повторно би можел да се освежува во познатата градска фонтана.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму поради тоа градоначалничката на Рома одлучи да ја затвори фонтаната денес со цел навивачите на Рома да не го повторат она што нивниот претседател го направи после мечот со Барса.
„Имам добро претчувство пред вечерашниот меч. Дали повторно ќе скокам во фонтана? Не, слушнав дека градските власти ја затвориле“, изјави Палота.