Дома Трансфер зона Ветеранот Дефо не се откажува: На 39 години се врати во Сандерленд

Ветеранот Дефо не се откажува: На 39 години се врати во Сандерленд

Поранешниот репрезентативец на Англија Џермејн Дефо во последниот ден од преодниот рок се врати во редовите на Сандерленд.

39-годишниот напаѓач ќе се обиде да му помогне на својот поранешен клуб во борбата за промоција во Чемпионшип. Дефо си замина од Ренџерс, па во овој преоден рок беше слободен агент. Ветеранот не се реши да ја заврши кариерата и ја прифати понудата од клубот каде што играше од 2015 до 2017 година.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Во тој период Сандерленд беше премиерлигаш и Дефо за овој клуб постигна 34 гола во најсилната англиска конкуренција. Низ кариерата Дефо играше за Тотенхем, Портсмунт, Бурнемоут, Вест Хем и Торонто од Канада.

Сандерленд после 29 кола во Лига 1 (трето по ранг натпреварување во Англија) е на третата позиција со реални шанси за промоција во Чемпионшип.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…