Вест Хем денеска го именуваше новиот тренер, а изборот очекувано падна на Дејвид Мојс кој беше контактиран уште пред Славен Билиќ да добие отказ.
Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Евертон и Сандерленд со Вест Хем потпиша двеиполгодишен договор, но со една многу чудна клаузула, по што се поставува прашањето дали управата на Вест Хем му верува на Мојс 100%.
Имено, Вест Хем го задржува правото да ја прекине соработката со Дејвид Мојс по крајот на сезоната, без оглед на тоа какви резултати ќе бележи шкотскиот стратег.
Мојс во Лондон го чека многу тешка работа, бидејќи Вест Хем по 11 одиграни кола се наоѓа на 18. место на табелата во Премиер лигата и во моментов е во зоната на испаѓање.