Се уште не стивнува еуфоријата во Рим откако Рома ја освои Конференциската лига, а денешното издание на „Кориере дело Спорт“ пренесува информација која сигурно ќе ги израдува навивачите на „волчицата“.
Имено, реномираниот италијански медиум пренесува дека во Рома може да се врати легендарниот Франческо Тоти. Тоти беше редовен на натпреварите на Рома во сезоната која само што заврши, а иако се занимава со менаџерство би можел да добие и функција во Рома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома следната сезона ќе игра во Лигата на Европа и ќе се обиде да ја нападне Лигата на шампионите, Тоти за разлика од периодот кога ја завршуваше играчката кариера има одлични односи со сопствениците на Рома.
Неодамна беше виден и на вечера со Жозе Мурињо, а пред неколку дена јавно зборуваше дека сака Паоло Дибала да го убеди да се пресели во Рим, па сето ова можеби се најави за негово големо враќање.