Дома Топ вести Вест која долго се чекаше: Фановите на Барса во делириум!

Вест која долго се чекаше: Фановите на Барса во делириум!

Лионел Меси е се поблиску до продолжување на договорот со Барселона и повторно ќе го помине според платата својот голем ривал Кристиано Роналдо.

„Марка“ денес објави дека Аргентинецот се согласил да остане на „Камп Ноу“ дополнителни три години, односно до 2021 година до кога ќе заработува по 35 милиони евра по сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тоа ќе го направи убедливо најплатен фудбалер во Европа, а пред него ќе биде само Карлос Тевез кој во Шангај Шенхуа заработува по 37,5 милиони евра годишно.

Сепак, освен паричниот договор, Меси сака да види кој ќе биде новиот тренер на Барса и со кои играчи ќе располага клубот за следната сезона.

Со тоа ќе се стави крај на шпекулациите дека Меси би можел да ја напушти Барселона и да се пресели во некој од клубовите кои се спремни да ја активираат откупната клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…