Дома Трансфер зона Весли Снајдер повторно во Италија?

Весли Снајдер повторно во Италија?

Неговиот агент тврди дека му пронашол идеална дестинација на Апенините.

Весли Снајдер скоро сигурно ова лето ќе ги напушти редовите на Галатасарај, а според последните информации негов нареден клуб би можел да биде Сампдорија.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Тоа е замислата на неговиот менаџер Гвидо Алберс.

„Mу кажав дека Сампдорија е идеален клуб за него. Таму би докажал дека и понатаму е класа како од времето кога настапуваше за Интер. Сампдорија е тим кој има нешто во себе поради што ветераните се чуствуваат како во најдобрите години. Сетете се само на Руд Гулит, Антонио Касано, Самуел Ето...“, изјави неговиот агент.

Сепак, во Сампдорија мислењата се поделени кога во прашање е трансферот на Снајдер. Тренерот на италијанскиот клуб, Марко Џампаоло баш и не е импресиониран од Холанѓанецот тој со задоволство попрво би го довел Јосип Иличиќ на позицијата плејмејкер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал тргнува по Жил Кунде

Англискиот гигант Арсенал е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски р…