Капитенот на Белгија, Јан Вертонген е разочаран од елиминацијата на неговата селекција во четвртфиналето против Италија.
Вертонген не сакаше да им честита на Италијанците затоа што како што вели „лежеле“ по теренот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Разочарани сме. Сигурно дека овој пораз боли многу, пропуштивме шанса да ја освоиме титулата, исто како и на претходните големи турнири. Многу лесно примивме голови и пропуштивме добри прилики. На Италија нема да и честитам, ме налути нивното лежење по теренот и „крадење“ време. Не сакам ова да биде сфатено како изговор, затоа што ние сме виновни што не ги искористивме нашите шанси“, изјави Вертонген.
Во полуфиналето Италија ќе се сретне со Шпанија на „Вембли“.