Напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер сака да си замине од „Стенфорд Бриџ“ после само една сезона.
Во последните денови се појавија информации дека „сините“ се спремни да слушнат понуди за 25-годишниот Германец, а изгледа дека и самиот фудбалер сака да ја промени средината.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вернер минатото лето пристигна како големо засилување, но не се снајде најдобро во Премиер лигата. Челзи е во потрага по врвен напаѓач, па неговата минутажа драстично ќе се намали.
Вернер ова лето би можел да се врати во Германија бидејќи интерес за него покажуваат Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.
Сепак, Челзи ќе го пушти Германецот само откако ќе доведе нов напаѓач, а најголема желба е Ерлинг Халанд.