Дома Топ вести Вернер донесе конечна одлука, се чека само потврда

Вернер донесе конечна одлука, се чека само потврда

Ѕвездата на Лајпциг, Тимо Вернер ова лето ќе ја промени средината и веќе донел одлука кариерата да ја продолжи во редовите на Ливерпул.

Вернер е еден од најбараните напаѓачи во Европа, но Ливерпул ја доби трката за неговиот договор и постигна целосен договор со Германецот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Црвените“ за неговиот потпис ќе платат 60 милиони евра, а Вернер ќе потпише договор вреден 10 милиони евра по сезона.

Вернер кариерата ја започнал во Штутгарт во 2013 година, а три години подоцна се пресели во Лајпциг. За „биковите“ има одиграно 118 натпревари на кои постигнал 72 гола, а оваа сезона има постигнато 27 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…