Ѕвездата на Пари Сен Жермен и италијански репрезентативец Марко Верати долго време се поврзува со трансфер во Барселона, но тој ги демантираше гласините.
Верати во интервју за „Газета дело Спорт“ истакна дека не размислува за трансфер и дека ќе остане во Пари Сент Жермен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Читам дека Мино Раиола ме понудил во Барселона. Ова не е точно. Зборував со шефовите и тие знаат што мислам за ПСЖ. Решив да останам и тоа е мојата желба. Сакам да освојам нешто важно со ПСЖ. Тука пораснав како човек и фудбалер“, рече Верати.
Италијанецот беше мета на критики бидејќи на последниот дуел во Лигата на шампиони доби црвен картон против Реал Мадрид.
„Признавам дека погрешив против Реал, но понекогаш судиите можат да бидат потолерантни. Да, реагирав лошо, но никого не навредив. Меси му се заканува со прст на судијата и не добива жолт картон“, истакна Верати.