Дома Фудбал Останато Венецуела на поранешниот селектор мора да му плати голема оштета

Венецуела на поранешниот селектор мора да му плати голема оштета

ФИФА и наложи на Венецуела да му плати речиси три милиони долари на својот поранешен селектор Хозе Пекерман како компензација за отказот во март 2023 година.

Фудбалскиот сојуз на Венецуела ќе му плати на Пекерман 1.71 милион долари како оштета, плус 5% годишна камата од 23. Август 2023 година до подмирувањето на долгот и 1.14 милиони долари казна, стои во соопштението на ФИФА.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што пишува венецуелскиот печат, Хозе Пекерман добил отказ откако при ревизијата биле откриени неправилности поврзани со Паскал Лескан, „десната рака“ на тренерот.

Доаѓањето на поранешниот селектор на Колумбија и Аргентина ги зголеми очекувањата во Венецуела, единствената земја на КОНМЕБОЛ која никогаш не се пласирала на Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Карагер е воодушевен од Екитике: Објасни зошто за него е подобар од Торес

Џејми Карагер е толку воодушевен од Уго Екитике што верува дека ќе го надмине и големиот Ф…